Дефект на воз во париската подзмена железница синоќа предизвика прекин на сообраќајот на една од главните линии на метрото и резултираше со неколкучасовна хаотична евакуација на заглавените патници во услови на големи горештини.
Противпожарната служба на Париз соопшти дека нивните припадници биле принудени да им укажат медицинска помош на петмина заглавени патници, кои колабирале како последици на топлото време.
Во акцијата за евакуација на патниците, кој започнала еден час по прекинот на сообраќајот, биле вклучени околу 40 пожарникари.
Возот се расипал на пругата на линијата број 1, што минува низ Париз во правец исток-запад, поврзувајќи станици кај некои од најзначајните туристички атракции во градот, како музјеот Лувр, булеварот Елисејски полиња и дворецоѕ Тилери.
Според операторот на париското метро РАТП, сообраќајот на линијата 1 се нормализирал денеска во раните утрински часови.