Седумгодишно дете со тешки повреди вчера било хоспитализирано во штипската болница откако во него удрил автомобил.
На улица „Лески“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(68) од Штип, удрило во велосипед што го управувало седумгодишно дете од Штип. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Штип каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.