Дете и четворица возрасни починаа од грип во Црна Гора

Во извештајот од Институтот се наведува дека меѓу починатите има и двегодишно момче. Починати се  тројца мажи на возраст од 54, 82 и 83 години и една жена од 46 години.

319

Пет лица починаа од грип во Црна Гора во текот на минатата недела, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во извештајот од Институтот се наведува дека меѓу починатите има и двегодишно момче. Починати се  тројца мажи на возраст од 54, 82 и 83 години и една жена од 46 години.

– Освен жената за која не се знае дали била вакцинирана, останатите не биле вакцинирани против сезонски грип – се наведува во соопштението.

Пријавени се 386 лица со симптоми на грип, што е двојно повеќе во однос на претходната недела и трипати повеќе во однос на истиот период минатата година.

– Се наоѓаме во фаза на епидемија на грип и се очекува да кулминира во наредните недели, по што бројот на заболени ќе почне постепено да опаѓа – се наведува во соопштението.

Најголем број заболени се на возраст од 20 до 64 години, околу 60 отсто, додека постојано се зголемува бројот на заболени деца, што се смета дека е резултат на враќањето во училиште и градинка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...