Десетгодишно дете загина откако падна од метална корпа на трактор. Полицијата соопшти дека уште три деца кои биле во корпата се тешко поврдени.
Несреќата се случила вчера околу 20 во нива лоцирана над крстосницата за с.Сливник, покрај пат кој води кон с.Рлевци- велешко каде што С.С. (18) од с.Бузалково го паркирал тракторот ИМТ 542 на кој имало прикачено импровизирана метална корпа. Во корпата се наоѓале четири деца две на возраст од 10 години, едно осумгодишно дете и едно петгодишно сите од с.Бузалково.
Во еден момент тракторот тргнал во удолнина при што две од децата на возраст од 10 и пет години паднале од металната корпа и се здобиле со тешки телесни повреди. Останатите две деца успеале да излезат и се здобиле со телесни повреди.
Три од децата (на возарст од 10, пет и осум години) биле пренесени во Општата болница во Велес, каде од страна на лекар кај десетгодишното била констатира смрт, додека кај петгодишното дете констатирани биле тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Кај третото (осумгодишно дете) констатирани биле телесни повреди и било задржано на понатамошно лекување во Општата болница во Велес.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.