Во трагедијата што денеска се случи во Битола, сопругот ја застрелал сопругата, по што си го одземал животот, по претходна семејна расправија.
Според информации од Обвинителството, дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола извршил увид во стан на улицата „Климент Охридски“ во Битола, каде попладнево беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.
– Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место. По наредба на јавниот обвинител. телата на починатите се предадени за обдукција – соопштија од обвинителството.