Детали од страшната сообраќајка кај Ресен во која загинаа два брачни пара

2050

МВР излезе со детали по страшната сообраќајна несреќ која се случи вчера околу  16.30 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен кај место викано “Рибник“ кај с.Крушје во која загинаа четири лица.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко  возило „Мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од М.Р.(67) од Битола, патничко моторно возило „Ауди А4“ со битолски регистерски таблици управувано од С.Н. (34) од селоВашарејва и патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од И.Т.(27) од село Лескоец-охридско.

– Во незгодата од здобиените повреди на самото место починале возачот М.Р. и сопатничката во неговото возило М.Р.(65) од Битола, како и Д.С.(59) и Ц.С.(53) од селоТрновци, двајцата сопатници во патничкото возило “Ауди“. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош од Ресен, додека возачот на “аудито“ С.Н била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди – информира МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидни екипи од полициската станица Ресен и полициската станица Битола. Телата на починатите биле пренесени во Клиничката Болница во Битола за обдукција. Сообраќајот бил во прекин од 17.00 до 20.30 часот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...