Во „Стејплс центар“, поранешниот центар на ЛА Лејкерс, синоќа беше одржана комеморација за легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џијана кои трагично загинаа во падот на хеликоптерот на 26 јануари со седум други лица.
Неговата сопруга Ванеса Брајан одржа трогателен говор плачејќи, а освен семејството на Брајант, во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес се собраа бројни славни спортисти и други славни личности кои му оддадоа почест на кошаркарската легенда. За музиката беа задолжени Алиша Кис, Кристина Агилера и Бијонсе, која го испеа својот хит „Halo“ и омилената песна на Коби „XO“.
Бијонсе носела костум во бојата каква што Коби ја носеше на дресот, додека на ноктите кои ги налакирала во виолетова боја го испишала неговото и името, односно прекарот на неговата ќерка – Џиџи.
Стајлингот го надополнила со впечатлив прстен со голем виолетов камен и со ускладени обетки како и со златни ланчиња.
На крајот на својата изведба Бијонсе испратила бакнеж во небото и со солзи во очите рекла: „Ве сакам“.
FOTO: Tviter/Printskrin