Благоја Деспотоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа за третиот предлог амандман предвиден со уставните измени според преспанскиот договор, предложи и Грција да вметне во нејзиниот Устав дека го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
– Ако ние го вметнуваме овој член во Уставот, добро е да побараме и од соседите да го направат тоа. Тогаш, ќе бидеме вистински пријатели, на сите ќе ни биде сеедно каде се наоѓаме дали во Грција, Албанија, Србија или во Бугарија. Пријателството треба да се заснова на почитување на еднакви вредности. Само тогаш ќе има искрено пријателство – додаде Деспотоски.