Подобрување на исхраната и условите во студентските домовите, планот за намалување и санирање на долговите со кои се соочуваат и кои во моментов изнесуваат околу 5 милиони евра, како и финансирањето на студентските и ученичките домови и можните решенија за надминување на проблемите, беа теми за кои разговараа министерката за образование Рената Дескоска на средбата со Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, како и со претставниците на студентските и ученичките домови во земјава. Македонија.
Дескоска ги задолжи присутните да изготват детална анализа со точно лоцирање на проблемите со кои се соочуваат студентските и ученичките домови, која ќе содржи и предлози за подобрување и подигнување на квалитетот на живот на студентите и на учениците.
Министерката на средбата ги предочи претстојните измени и дополнувања на Законот за студентскиот стандард и Законот за ученичкиот стандард, со кои се очекува да се подобри квалитетот на живот, а во кој е уредено сместувањето на студентите и учениците, исхраната, школарината и стипендиите, како и задоволување на работните, културните, информативните и спортско-рекреативните потреби на студентите и учениците.