Дескоска ќе разговара со семејствата на жртвите од „Монструм“ за екстрадицијата од Косово

Се додава дека на располагање на Министерството за правда на нашата земја му преостанува единствено да испраќа ургенции и да бара од надлежните косовски власти да се произнесат.

123

Министерката за правда ќе се сретне со семејствата на жртвите во случајот „Монструм“ и детално ќе ги информира околу преземените дејствија за екстрадиција на лицата од Косово. Воедно, Министерството за правда чувствува должност подетално да ја
информира јавноста околу постапката за екстрадиција на двете осомничени
лица во случајот „Монструм“, Демири и Исмаиловиќ. Ова се вели во нивното соопштение.

– Во постапката за екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ, Министерството
за правда ги прави сите напори двајцата бегалци од правдата да ги донесе во
Република Северна Македонија, притоа користејќи ги сите законски можности,
но и билателарниот договор со Косово. Првото барање за екстрадиција на лицата е испратено во март 2013 година. На 22 јануари 2016 година, Апелациониот суд на Република Косово го одбива првото барање за екстрадиција. Откако беше комплетиран предметот повторно, од страна на министерката Дескоска беше испратено новото барање за екстрадиција, кое Министерството за правда на Косово го имаат примено на 05 септември 2018 година. Во новото барање детално се задржавме на сите точки кои беа истакнати во претходно одбиено барање за екстрадиција. Од поднесувањето на барањето за екстрадиција – до денес Министерството за правда на Република Северна Македонија нема добиено никаков одговор од Министерството за правда на Косово – стои во соопштението.

Се додава дека на располагање на Министерството за правда на нашата земја му преостанува единствено да испраќа ургенции и да бара од надлежните косовски власти да се произнесат.

– Вакви ургенции имаме пратено во два наврати, и тоа на 26 февруари 2019
година, а последната ургенција е испратена на 3 јули оваа година. Согласно сите податоци со кои нашето Министерство располага, а кои ги имаме доставено до Министерството за правда на Косово, очекуваме лицата да бидат екстрадирани и да бидат изнесени пред лицето на правдата – се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...