Дескоска: Трансферот на предметите им ги помати сметките на оние кои посакуваа да не постои СЈО

966

Трансферот на предметите на СЈО во редовното јавно обвинителство им ги помати сметките на тие кои сакаа да не постои специјален јавен обвинител, порача министерката за правда Рената Дескоска во нејзиното обраќање на настанот кој се одржува по повод почетокот на твининг-проект за поддршка за Јавното обвинителство.

– Сите пратеници да размислат каде ја гледаат иднината на нашата земја. Дали нивните европски аспирации се искрени, дали се спремни за јакнење на правната држава кај нас и да дадат поддршка за законот за јавно обвинителство. Сега веќе е извесно дека предметите на СЈО ќе продолжатпред судовите. Трансферот на предмети им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15 септемри да нема специјален јавен обвинител, да нема кој да ги заврши предметите, да постои институција со заглавени и незавршени предмети уште една година. Тој план направи штета, но пропадна. Сега е извесно дека предметите имаат иднина. Целосно се тргна и можноста за било какво негативно влијание од мислењето на Врховниот суд. Сепак, правниот систем покажа дека функционира, дека постојат механизми кои онезвожуваат блокада, затоа е бесцелно неконструктивното однесување на било кој во процесот на носењето на законот – рече Дескоска.

Министерката посочи дека можеби носењето на Законот веќе не нужно заради продолжување на предметите на СЈО, но носомнонено е  потребно за исполнување на целите од Стратегијата за реформи во правосудството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...