Не само што е скандал туку е незаконска одлуката на Судскиот буџетски совет за ретроактивно зголемување на додатоците на платата, рече министерката за правда Рената Десковска за одлуката која Судскиот буџетски совет ја донел вчера и со која си ги зголемиле додатоците на плата за 21 илјада денари.
– Интерсни се случувањата во Судскиоот буџетски совет. Потсетувам дека законски основ за додатоци на плата има за судиите, но не и за членовите на Судскиот совет. Кога сами си доделуваат додатоци кои не им следуваат не е само скандал туку е и противзаконски – рече Дескоска.
Таа појасни дека има две одлуки на Судскиот буџетски совет. Дескоска рече дека првата одлука е донесена во ноември за додатоци на плата и оти таа е во ред.
– Но не е во ред Судскиот буџетски совет да носи одлука за ретроативна исплата за септември и октомври и ова е противзаконско – рече министерката.