Дескоска: Се спојуваат СЈО и Основното Јавно Обвинителство

2738
20160212 Friday katica janeva

Со новите два законски текстови кои веќе се готови, СЈО ќе биде дел од Основното Јавно Обвинителство, обелодени министерката за правда, Рената Дескоска, вечерва на ТВ21 на дебатниот магазин  „Click Plus“.

Таа појасни како понатаму ќе продолжи да работи Специјалното Јавно Обвинителство.

– Изработен е текст во Министерството за правда, кој ги сублимира добрите решенија од едниот и од другиот закон и во неговите одредби се содржани одредби кои што  го воспоставуваат СЈО како траен орган во системот на ЈО со одредени гаранции на нивна автономија, бидејќи, сепак, мора да бидеме свесни дека системот кој што остана зад нас, кој што беше повод и причина за формирање на СЈО може да се врати било кога. Ние мора да имаме механизам кој ќе биде на некој начин против тежа на ЈО со цел да може да функционираме како држава која гради владеење на правото – изјави министерката Дескоска на ТВ21.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...