Дескоска: Покрај толку советници од Правен, пушташ противуставен предлог?!

2826

Министерката за правда, која е и професорка по уставно право, Рената Дескоска, го оцени предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада како противуставен.

Неофицијално, станува збор за Драган Ковачки, полковник од АРМ, кој има долга кариера во војската.

Дескоска на предлогот реагираше преку својот профил на Фејсбук, каде го цитираше членот 97 од Уставот:

„Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.

Покрај толку советници од Правен, да пуштиш противуставен предлог“, напиша Дескоска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...