Секој вистински новинар прво ќе знае дека министрите немаат на располагање службени мерцедеси, туку пасати, напиша на Фејсбук министерката за правда Рената Дескоска по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека на централниот митинг била со службено возило.
– Со обична проверка на регистрацијата лесно ќе утврди дека мерцедесот со кој „ме фатиле жива” е во приватна сопственост, а не е службено возило. Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност. Така што, вистината е следна: бев на митинг денес, но не со службено возило, туку ме зедоа сопартици со нивно приватно возило.
П.С. Поздрав до фотографката.