Очекувам реформите во правосудството да бидат оценети со највисока оценка, иако политичките партии не успеаја да постигнат договор за Законот за јавно обвинителство со кој требаше да се реши статусот на СЈО, рече министерката за правда Рената Дескоска во пресрет на Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.
Министерката вели дека нема напредок во преговорите и смета дека би било идеално да биде донесен пред одлуката за отпочнување на преговори со ЕУ.
– Нашите позиции се принципиелни. Одредби кои нема да значат целосно воспоставуање на правдата нема да дозволиме да бидат ставени во Законот. Се прават напори за преиспитување на ставовите на сите пратеници во прарламентот околу нивната искрена заложба за поддршка на евроинтегративните процеси, но и за поддршка на владеење на право и правда. Кај сите нив стои одговорноста дали ќе поддржат принципиелни решенија од кои нема да отстапиме или нема да го дадат својот глас, ќе ги блокираат перспективите на нашата земја – рече Дескоска.