Дескоска: Нема никакво поместување за законот за јавно обвинителство

184

Нема никакви поместувања во однос на разликите меѓу власта и опозицијата околу законот за јавно обвинителство, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска, по завршувањето на новата рунда разговори за клучните прашања од реформата на правосудството.

– За Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија – рече Дескоска од хотелот Мериот, каде треба да се оддржи конференција за борба против корупцијата.

Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите, односно двете страни најмногу спорат за членот 105 од законот што го регулира продолжувањето на постапките и судбината на доказите од прислушкуваните разгоори.

Договорот за овој закон е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија.

Следната средба на работните групи е закажана за в петок.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...