Дескоска најде чаре за истрагите на СЈО, подготвува нов закон за Јавното обвинителство

673

Министерството за правда подготвува нов закон за Јавното обинителство за што, како што велат, во ресорот на минисерката Рената Дескоска, во моментов се вршат консултации со коалициските партнери.

Сепак, според малкуте информации што Министерството за правда може да ги сподели со јавноста во оваа фаза, изесно е дека СЈО заминува во историјата, а тоа впрочем не беше превидено и во законското решение кое е испратено во Собранието, но истрагите на специјалното обвинителство нема да запрат.

– Случаите од висок профил ќе бидат во надлежност на Основното јано обинителсто за гонење на организиран криминал и корипција (ОЈОГОКК). Предвидено е продолжување на сите истраги и предистраги кои ги започнало СЈО. Материјалите кои не се предадени како докази во судовите ќе се чуваат во ЈОРСМ – велат од Минисерстото за правда за Плусинфо.

Откако ќе поминат три години од правосилното завршување на постапките, материјалите од незаконското следење на комуникациите од надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите кои не се предадени како докази во судовите, ќе бидат уништени.

Ресорот на Дескоска во предложениот текст се очекува да најде чаре и на недостигот од кадар, долгогодишен проблем кој се провлекува речиси во секој извештај на обинителството, но никој преходно не потегна да го решава.

– Во новото законско решение е предвидено  и зголемување на бројот на јавните обвинителства во Основното јано обинителсто за гонење на организиран криминал и корипција – велат во Министерството за правда, но не презицираат за колку вкупно обвинители ќе бидат отворени вратите во обвинителството на Вилма Русковска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...