Изборот на Државната изборна комисија (ДИК) не смее да биде ставен во пакет со никакви амнестии и услови за технички, пржински и какви било влади бидејќи ни се потребни институции кои ќе можат да функционираат особено во најава на претстојниот референдум. Секое доцнење може да значи и недоволна спремност на новоизбраните членови на ДИК да ги спроведат сите активности кои се потребни, вели министерката за правда, Рената Дескоска.
Вчера и претседателот на Собранието Талат Џафери ги повика партиите да се договорат и да ги достават своите предлози за членови на ДИК. Тој порача да не поставуваат услови и да ги исполнат обврските кои ги имаат преземено.
Наместо да се чека Илија Димоски од ВМРО-ДПМНЕ, и Џафери може да закаже комисиска седница за избор на членови на ДИК, но таа би завршила без успех бидејќи без гласови од опозицијата ќе нема двотретинско мнозинство.