Дескоска: Златната метла е на вистинската адреса, кај претседателот на Судскиот совет ВИДЕО

478

Министерката за правда Рената Дескоска се вклучи во акцијата „Не биди ѓубре“ во која 40.000 административци го чистат ѓубрето во градот.

– „Златната метла” што некој ја остави пред неколку месеци пред Министерството за правда денеска му ја предадов на претседателот на Судскиот совет. По завршувањето на законската рамка за судовите, сега тежиштето е на Судскиот совет. Метлата е на вистинската адреса, напиша Дескоска на Фејсбук.

Дескоска чистеше со републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, како и претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

Фото: Фејсбук на министерката Дескоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...