Дескоска: Згрозена сум од однесувањето на Јанева, ако некој сте го носеле на маица, бил симбол на правдата и, оддеднаш, гледате што прави

Единствен контакт со Катица Јанева имала за Законот за јавно обвинителство, многу пред да биде притворена, на дебата. Министерката вели дека е згрозена од нејзиното однесување, од постапката „Рекет“.

3728

Сите процеси кои се водат се тест за судскиот систем. Ни треба неселективна правда за било кого. Дали случаите кои ги почна СЈО, дали за случаите кои ги почнува сега обвинителството против актуелни функционери, нам ни треба неселективна правда против кого било, изјави вечерва министерката за правда, Рената Дескоска во “Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

– Го гледам извештајот од ЕК, тие нас не фалат, велат се што беше потребно, Министерството за правда успешно го заврши, а тоа не ги имплементира Законите за судството, туку судиите. Во рацете на судиите сега е историска одговорност – дали ќе одиме понатака во ЕУ – вели министерката Дескоска.

Таа вели дека единствен контакт со Катица Јанева имала за Законот за јавно обвинителство, многу пред да биде притворена, на дебата. Министерката вели дека е згрозена од нејзиното однесување, од постапката „Рекет“.

– Ако некој сте го носеле на маица, бил симбол на правдата и, оддеднаш, гледате што прави, тоа придонесува за недоверба кај граѓаните. Катица Јанева си контактирала со нејзините адвокати, постапката за испраќање на писмата до ОЈО одело преку надлежниот судија. Моите информации се дека таа постапка е целосно почитувана, но ги немам видено писмата, па да знам кој ги пишувал – нагласи Дескоска.

Министерката вели дека се соочиле со различни страни – Министерството за правда со предлогот се што е почнато како постапки да продолжи и да има европски принципи, а  пак, опозицијата барала прекинување на сите постапки, односно амнестија за сите.

– Другите прашања кои беа блиски, каде можевме да најдеме заеднички јазик, се приближувавме. Нелогично е, ние ќе се приближиме со ставовите, тие бегаат. Ми беше чудно, зошто сериозен преговарач ги зазема ставовите и кога му се приближуваш не се оддалечува со нови и нови барања – појаснува Дескоска.

Таа рече дека премиерот Заев им понудил опција која ќе ја доближела до опцијата опозицијата да предложи шеф на обвинителството кое би ги гонело актуелните функционери.

Таа истакна дека ќе свика професори кои би помогнале да се испрофилираат одредбите со кои повотрно би ставиле на маса закон кој би бил прифатлив за сите.

– Кога Заев предлагаше опозицијата да предлага обвинител кој би се занимавал со висока корупција, дел од странците се чудеа на храброста на премиерот. Опозицијата пак, беше заинтересирана само за случаите на СЈО – истакна Дескоска.

Министерката вели дека случајот со уставните измени е случај каде што се правеше амнестија на дел од лцата, кои биле учесници во крвавиот четврток, но не биле насилни.

Таа додава дека едни од критиките биле спетакуларните апсења во време на претходната власт, за што лично смета дека треба да се почитува пресумпцијата на невиност. За ветингот, Дескоска вели дека ако не се променат самите, како што е Советот за јани обвинители и Судскиот совет, тие мора да најдат начини да профунционира отчетноста и транспарентноста.

– Ветингот е непријатна мерка која се случува еднаш на подолго време. Не е лесна процедурата, во Албанија половина од судиите си дадоа оставка. Разговарав со премиерот, мислам дека побитно е се што е диво, канцерогено да го тргнеме. Што е ќарта од судија кој прави штета? Подобро да го немаме отколку да е тука и да го труе месото околу. Подобро е помалку судии отколку повеќе, но со штета – истакна Дескоска.

Taa додава дека сака во ветингот да присуствуваат странци, за да се знае дека тоа што ќе остане е ткивото што ќе се бори за вистинска правда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...