Дескоска е за ветинг и за политичари ако со тоа ќе се исчистат поврзаните со мафијата

359

Министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека покрај ветин за судии и обвинители, поддржува ветинг и за политичари ако тоа значи прочистување на политичката и државната сцена.

– Сѐ што може исчистување на политичката сцена од луѓе кои се корумпирани, непрофесионални, луѓе кои имаат врски со мафијашки или други кругови, поддржувам. За некои случаи мора да водите сметка дека имате уставни ограничувања. како е даден процесот на кандидирање за пратеници и сл – изјави министерката праша дали поддржува и ветинг за политичари.

За ветингот за судии и обвинители, Дескоска порача дека јасно се кристализира ставот дека се залагаме за ветинг, а чесните судии и обвинители не треба да има стравување дека процесот ќе се злоупотреби.

Таа посочи дека има искуства од странство како се спроведува ветинг.

– Веќе има меѓународни примери како се спроведува ветингот и тоа е ветинг кој што не го спроведува извршната власт туку на едно експертско ниво го спроведува мешовита комисија во која што, во многу земји, учествуваат и меѓународни претставници како гарантори на процесот. Веќе созрева сознанието, не само во рамките на владата, туку и генерално, дека мора се направат чекори за прочистување на судството од неквалитетни и непрофесионални судии и обвинители – рече Дескоска.

Таа повтори дека останува на ставот дека е подобро да има помалку, но чесни и професионални судии отколку да ги има повеќе, а да не си ја вршат работата како што треба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...