Вратата ти е отворена, дојди. Вака министерката за правда експресно на Фејсбук му одговори на азилантот Никола Груевски за критиките кои тој ги упати до неа.
– Денеска г. Груевски ме почестил со своја реакција на моја изјава на дебатна емисија на ТВ21. Како одговор на неговата реакција сакам да потсетам дека во текот на дебатата за прашањата за кои реагира не кажав ништо ново што не можеше во минатиов период да се прочита во печатените и електронските медиуми. Сепак, вратата на мојот кабинет е отворена за г. Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде, напиша Дескоска.