Министерката за правда Рената Десковска денеска демантираше дека граѓаните нема да можат да пријават случаи на малверзации во Антикорупциска комисија.
– Апсолутно не е спречено, напротив, во законот една од клучните одредби е дека секој има право да пријави корупција и не само да пријави, туку и да биде заштитен од пријавата за тоа што пријавил, значи да нема никакви последици заради пријавата. Јас ги охрабрувам сите граѓани веднаш по формирањето на Антикорупциската комисија секое сознание што го имаат за нерегуларност, за случај за сомневање на корупција да го пријават до Антикорпциската комисија – рече Дескоска.
Таа додаде дека ако и во меѓувреме има такви случаи и сомневања, на граѓаните им стојат на рсполагање МВР и Јавното обвинителство.
Собранието со 81 гласа „за“ вчера попладне го донесе по скратена постапка Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, во рамки на 80. седница.