Претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје денеска излезе на протестот на администрацијата за исплата на додатоци и ги поддржа вработените во неговиот суд, а министерката за правда, Рената Дескоска, порача дека тоа е лесно, но потешо е да се даде поддршка на протест за морални вредности.
– Тука сме заедно со судската управа на Кривичниот суд за да дадеме поддршка на судските службеници, сметаме дека заслужуваат повисоки плати и примања. Станува збор за едно од највредните службеници генерално во државата заедно со здравствените и просветните работници и во таа смисла сметам дека и судските работници треба да имаат повисоки примања. Тие навистина имаат стресна работа и многу работа и не гледам причина зошто не би ги поддржале – рече Џолев.
Дескоска, пак, му порача дека треба да излезе и со протест и јасен став за тоа што во неговиот суд застаруваат предмети.
– Во однос на тоа што го видовме дека претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев дава поддршка на оние кои протестираат од неговиот суд, можам да кажам дека е многу лесно да дадете поддршка на луѓе кои протестираат за зголемување на средства особено ако тие ви се вработени. Многу потешко е дадете поддршка на протест за морални вредности. Искрено очекувам претседателот на Кривичниот суд да излезе со протест ида влијание врз своите колеги со јасност и гласност зошто некои судења не се закажуваат и по три месеци, зошто застаруваат предмети во неговиот суд – рече Дескоска.
Повеќе детали од нејзината прес-конференција на која најави ветинг во судството и ги посочи сумите на платите и додатоците прочитајте ТУКА.