Дескоска: ВМРО ДПМНЕ бара СЈО да не биде посебно обвинителство, што е неприфатливо (ВИДЕО)

Барањето за прекинување на овие постапки и нивно евентуално ново отпочнување, значи на некој начин губање на голем број сериозни докази, со што постои опасност на губење на процеси, а со тоа и амнестирање, рече министерката Дескоска.

741

И по четири часа дискусија, работните групи не се доближиле во ставовите на  разговорите меѓу работните групи за Законот за јавното обвинителство и започнатите истраги.

– Барањето на ВМРО ДПМНЕ, СЈО да бидел дел од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а не посебно обвинителство, не може да биде прифатено, прво поради самата Стратегија на правосудството во која е предвидено СЈО да продолжи како обвинителство, а не како одделение. Друга клучна разлика се почнатите предистраги, истраги и обвиненија на ова обвинителство, што се покренати по 18 месеци од неговата работа. Барањето за прекинување на овие постапки и нивно евентуално ново отпочнување, значи на некој начин губење на голем број сериозни докази, со што постои опасност на губење на процеси, а со тоа и амнестирање, рече министерката за правда, Рената Дескоска.

ВМРО ДПМНЕ повторно може да ги разгледа своите предлози и да ги соопшти ставовите до четврток, доколку в петок има втора средба.

А за Тони Менкиновски, предводникот на работната група на ВМРО ДПМНЕ, средбата била „плодна“.

– Овој закон навистина има потреба од амандмани за подобрување на работата на јавното обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање. Сметаме дека СЈО треба да биде одделение во јавното обвинителство за организиран криминал. Не се прифатливи одредбите СЈО да не одговара пред никого и сам да си го создава буџетот – рече Менкиноски.

Тој додаде дека в четврток ќе ги достават нивните амандмани.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...