Дескоска бара консензус од опозицијата за судските закони

224

Потребни се квалитетни, долгорочни законски решенија за воспоставување на независен, кредибилен и професионален судски систем и потребен е консензус и поддршка од опозицијата во законодавниот дом за ваквите законски измени кои се носат со двотретинско мнозинство, рече министерката за правда Рената Дескоска на средба со делегација на Венецијанската комисија.

Дескоска потенцира дека нема да отстапи од првичната цел – независно судство.

Венецијанската комисија, е во дводневна работна посета за евалуација на измените на законите од областа на судството.

Реформските процеси кои ги спроведува Министерството за правда за интеграција на Република Македонија во Европската Унија, беа тема на денешниот состанок на кој поконкретно се разговараше за Законот за судови и Законот за Судскиот совет на.

Првично министерката Дескоска им се заблагодари на членовите на Венецијанската

Во текот на дводневната посета на Република Македонија, Делегацијата на Венецијанската комисија ќе оствари средби и со претставници на Уставниот Суд, Врховниот Суд, Здружението на судиите на Република Македонија, Судскиот Совет, Јавното обвинителство, претставници на Собранието на Република Македонија, како и со граѓанските организации.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...