Дескоска: Амнестија за „27 април“ не смее да има (ВИДЕО)

112

Амнестија за насилствата во Собранието од 27 април минатата година не смее да има, изјави министерката за правда Рената Дескоска денеска во Охрид каде учествува на работилницата посветена реформите на правосудниот систем.

По однос изјавата на премиерот Зоран Заев во Собранието за помирување, Дескоска рече дека тоа е став што треба да се поддржи, да се разговара во поширок контекст, но оти амнестија за насилствата во Собранието од 27 април минатата година не смее да има, оттаму што, според неа, станува збор за настан што оставил не само лична траума на луѓе, туку и траума врз целото општество.

– Ние во рамки на реформската агенда мора да покажеме подготвеност како држава да процесуираме и да дојдеме до степен на одговорност за случаите што ги води СЈО, како и за случувањата од 27 април – истакна Дескоска.

За помирувањето, таа рече дека тоа би бил некаков процес на разговори, преку формирање тело во Собранието, чиј состав се уште не е дефиниран ниту во моментов е познато како тоа би се формирало.

– Тука треба да се спроведат консултации меѓи политичките партии што се во Парламентот, да разговараат за одредени работи. Сите сме свесни дека она што беше лоша пракса во минатото која ја чувствуваа пратениците и функционерите од СДСМ кога се носеше законот за јазици, претходно со оние притисоци, лични закани, сега тие се случуваат на пратеници кои се охрабриле да гласаат за уставни измени, Тоа е пракса која мора да запре. Тука ќе бидат вклучени и органите, но има потреба и од дискусии на политичко ниво оттаму што на сите им е јасно дека тие кои лепеа некролози на пратениците на СДСМ, а сега се закануваат на пратениците кои беа за уставни измени, не се индивидуалци. Има сериозни индиции дека тоа е организирана акција – рече Дескоска.

Таа забележа дека се креира лоша клима, проблем за кој треба да се разговара во поширок контекст, не само на ниво на органи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...