Дескоска: Ако немаме 80 пратеници за закон за обвинителство ќе го менуваме Законот за совет на обвинители

2276

Ако не се обезбеди двотретинско мнозинство за законот за обвинителство, мнозинството спас за СЈО ќе бара преку измени на Заканот за совет на обвинители кој се носи со 61 глас, најави министерката за правда Рената Дескоска.

Таа додаде дека во Законот за советот на обвинители може да се вметнат одредби за избори и организација на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

Министерката  го отфрли барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзина оставка.

Дескоска претходно од собраниската говорница порача сите пратеници да стиснат зелено копче за законот за ЈО, кој од денеска е во собраниска процедура и ќе се носи по скратена постапка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...