Десковска тврди дека Милошоски блефира со „бомбата“, а тој рече дека поседува докази како Заев договарал ослободување на бизнисмен од притвор

2646

Едвај чекавте да не ви дозволат да ја пуштите аудио-снимката, а тоа е затоа што блефирате, рече министерката за правда Рената Десковска, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, побара дозвола од спикерот Џафери да пушти нова „бомба“ за З.З.

– Вие и минатиот пат не пуштивте бомба, туку обична петарда. Кај вас постои страв од донесувањето на Законот за јавно обвинителство и затоа измислувате работи за да ја одолговлечите работата. Очекувам дека 80 пратеници ќе го поддржат законот – рече Десковска.

Милошоски, пак, ѝ одговори дека поседува снимка од која може да се слушне како Заев договарал ослободување на стопанственик од притвор.

– Дали знаете дека поседувам снимка во која се слуша како Заев договара ослободување на еден стопанственик од притвор? Дали тој разговор би бил доказ за покренување кривична постапка? Зоран Зеав најдобро знае колку имам за него такви материјали. Затоа власта не сака таквите материјали да бидат основа за покренување обвинителен акт – рече Милошоски.

Собранискиот спикер даде уште еден час пауза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...