Десковска: ВМРО-ДПМНЕ ни остави долгови во образованието, а сега поднесува конфузни амандмани

Изградба на студентски дом во Тетово ќе почне наскоро, по надминување на проблемот со дозволите. Наскоро ќе се реновира и „Стив Наумов“, а ќе продолжи и реновирањето во „Гоце Делчев“.

480

Амандманите на Законот за високо образо нив се неразбирливи, неприменливи и конфузни, зашто имаат и технички грешки во формулациите, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 17 амандмани за Законот за високо образование. Според пратеникот на оваа партија Зеќир Рамчиловиќ, амандманите се за подобрувањето на содржината на законот, зголемувањето на буџетот за универзитетите, зголемување на платите на професорите и за целосна автономија на универзитетите.

Десковска е категорична:

– ВМРО-ДПМНЕ предлага амнадман за коефициент на плати на професорите, а во нивно време, повеќе од десет години владеење, не направија ништо да се подобри статусот на професорите и оставија огромни буџетски долгови.

Во врска со амандманот во кој се бара еднојазичен печат, Десковска потсети за Законот кој го донела ВМРО-ДПМНЕ предвидува довјазичен печат.

Опозицијата бара деканот да не може да распишува студентски избори, а вие знаете што се случи пред некоја година, па така, ако нема легитимни пртетставници на студентите, не можат да се решаваат пробелемите. Со тоа, деканот мора да ги распише изборите за тие де бидат легитимни – објасни Дескоска.

Во врска со изградбата на Студентски град, министерката рече дека тој проект е во програмата, но во моментот фокусот е на подмирување на долговите на студентските домови.

Оставија долгови од 5 милиони евра. Останаа неплатени сметки за струја, за вода, за комуналии, за храна, буквално за сѐ. Почнати се одредени реконструкции, ние ги плаќаме тие долгови. За жал, не изградија ни еден студентски дом, а почнаа да реновираат само едно крило во „Гоце Делчев“ рече Дескоска.

Изградба на студентски дом во Тетово ќе почне наскоро, по надминување на проблемот со дозволите. Наскоро ќе се реновира и „Стив Наумов“, а ќе продолжи и реновирањето во „Гоце Делчев“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...