Десет претенденти за титулата автор на најубавиот гол во Премиер лигата

132

За признанието фудбалер кој го постигнал најубавиот гол во Премиер лигата за сезоната 2018/19 конкурираат десет играчи.

Победникот ќе биде еден од носителите на месечна награда за тековната сезона, соопшти прес-службата на Премиер лигата.

На листата се наоѓаат: Жан-Мишел Сери (Фулам, август), Даниел Стариџ (Ливерпул, септември), Арон Ремзи (Арсенал, октомври), Сон Хин Мин (Тотенхем, ноември), Андрос Таунсенд (Кристал Палас, декември), Андре Шурле (Фулам, јануари), Фабијан Шер (Њукасл, февруари), Ентони Кнокарт (Брајтон, март), Еден Азар (Челзи, април) Винсент Компани (Манчестер сити, мај).

Изборот на навивачите ќе биде комбиниран со мислењето на експертската група, а победникот ќе биде објавен следната недела.

Гласањето ќе заврши денеска (17 мај) во 17 часот по британско време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...