Десет музеи кои ќе бидат отворени во 2019 година

208

Новата 2019 година ги носи можеби најинтересните информации за музеите кои ќе бидат првпат отворени ширум светот.

  1. Музеј на Кипот на слободата, Њујорк

Свеченото отворање се планира во мај 2019 година. Овој музеј, со површина од 26 илјади квадратни метри, вреден 70 милиони долари, ќе биде дом на оригиналниот факел на статуата – што ќе биде сместен зад стаклени ѕидови. На посетителите ќе им бидат понудени интерактивни изложби, музејски галерии и импресивни театарски претстави. Музејот на Кипот на слободата се гради со истиот гранит, бронза и бакар, кои во долниот дел на статуата ги употребил архитектот од 19. век Ричард Морис Хант. На покривот од музејот ќе биде засадено природна ливадска трева, со цел да се создаде природна средина за локалните и миграциските птици.

2. Музеј на филмовите, Лос Анџелес, Калифорнија

Точниот датум се уште не е соопштен, но сигурно е дека се планира за 2019 година. Музејот и филмскиот центар од 300 илјади квадратни метри ќе има најсовремени галерии, изложбени простории, кино сали, образовни настани и простории за посебни случувања.

3. Музеј на американските уметности и занаети, Флорида

Треба да биде отворен во лето 2019 година. Вредноста на овој музеј изнесува 90 милиони долари и е посветен на локалниот претприемач и колекционер Руди Чикарел. Експонатите опфаќаат обработен метал, осветлување, керамика, плочки, мебел, фотографија и други декоративни уметнички експонати. Музејот се простира на 137 илјади квадратни метри, изграден е од јужноамерикански гранит и има бронзени детали.

4. Национален музеј на Катар, Доха, Катар

Ќе биде отворен на 28 март 2019 година во Доха. Поставките ќе ги прикажуваат минатато, сегашноста и иднината на Катар со фокус на историјата, наследството и културата. Музејот го проектирал архитектот Жан Нувел, а инспирацијата ја нашол во пустинската роза.

5. Музеј на Холокаустот, Далас, Центар за образование и толеранција, Далас, Тексас

Ќе биде отворен во септември 2019 година на површина од 51 илјада квадратни метри. Посебен дел од објектот ќе биде посветен на Холокаустот и ќе опфаќа сведоштва на преживеани, ќе има експонати кои зборуваат за геноцидот, поставки за човековите права… Ќе има и сала за филмски проекции, библиотека, архив…

6. Чиков детски музеј, Чико, Калифорнија

Во ценарот на овој северно калифорниски град на 15 јануари 2019 година ќе биде отворен Чиков детски музеј. Со цел поврзување и учење преку игра, музејот ќе биде дизајниран согласно потребите на младите посетители. Ќе има зона со многу сензори, посебно дизајнирана за деца со посебни потреби, и лулашки кои ќе им овозможуваат на децата во инвалидски колички безбедно да се лулаат.  Една третина од музејот ќе биде минијатурна уметничка реплика на градот Чико, во која ќе има дрво за качување и разни практични експонати. Останатите две третини ќе бидат поделени на интерактивни ротирачки експонати.

7. Музеј на маскоти на славните, Витинг, Индијана

Овој месец ќе се оддржи свечена церемонија на отварање на Музејот на маскоти на славните, што ќе претставува место за оддавање почест на американските спортски фигури. Музејот кој е креиран за деца го основал Дејвид Рејмонд, кој го глумел Фили Фанатик, маскота, и тоа од 1978 до 1993 година, а се наоѓа на јужниот брег на езерото Мичиген. Покрај потсетувањето на спортските легенди, музејот ќе има и интерактивни изложби со фокус на  С.Т.Е.А.М. образование.

8. Баухаус музеј, Десау, Германија

Баухаус беше влијателна уметничка и дизајнерска школа основана во Германија пред еден век, со една од своите локации во Десау, која во 2019 година ќе одбележи 100-годишнина од своето основање. Фондацијата Десау на 8 септември ќе отвори изложбен простор со вкупна површина од 3.500 квадратни метри. Со дизајн кој е опишан како „зграда во зграда“, музејот ќе се наоѓа во градскиот парк во центарот на Десау. Изложбениот простор ќе опфаќа предмети кои ги изработила оваа школа за дизајн, заедно со разни современи уметнички дела.

9. Национален музеј за афроамериканска музика, Нешвил, Тенеси

Ова ќе биде единствениот музеј посветен на зачувување на наследството и славење на достигнувањата на повеќе од 50 музички жанрови создадени под влијание или инспирирани од африканските Американци. Музејот ќе се простира на 56 илјади квадратни метри и ќе претставува омаж кој ги опфаќа почетоците на американската музика од јужните делови на земјата и блуз традицијата па се до хип- хоп и ритам и блуз.

10.Платформи 10, Лозана, Швајцарија

Во овој швајцарски град ќе се наоѓа многумилионски проект за преселување на градски музеи и галерии во една централна област. Се наоѓа на железничката станица во Лозана и ќе го сочинуваат три музеи: Музеј на ликовна уметност, Музеј на фотографии и Музеј на современ дизајн и применета техника.  Сите заедно ќе бидат отворени до крајот на 2021 година.

 

извор: Нова Економија – Белград

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...