Десетте најбогати семејства очигледно дека имаат колективен, шокантен приход од неверојатни 3,4 трилиони долари што е еквивалентно на бруто, социјалниот производ на Германија, Велика Британија и Франција заедно, објави српскиот „Б92“.
Ова се 10-те најбогати семејства на светот:
Семејството Дима од Франција во чија сопственост се наоѓа брендот „Ермес“, има богатство вредно 49,2 милијарди долари. Првите пари за семејството Дима ги зарботил покојниот Тијер Ерме во 1837 година, а во 21 век овој бренд прераснал во глобално, моден бренд.
На деветтото место се наоѓа семејството Брин од САД. Нивното богатство е проценето на 51,1 милијарда долари. Сергеј Брин е интернет технолошки моќен човек и коосновач на компанијата „Гугл“ и Лери. Моментално е на функција на претседател во матичната компанија „Aлфабет Инк“.
Богатството на семејството Амбани од Индија се проценува на 52,3 милијарди долари. Дирубхај Амбани бил коосновач на компанијата „Рилајенс индастрис“. Неговото семејство рамномерно го споделува со неговите синови кои денес се дел од неговата компанија.
Семејството Пејџ од САД има богатство кое се проценува на 52,4 милијарди долари. Лери Пејџ исто така е коосновач на „Google“, а моментално е директор на компанијата „Алфабет Инк“. Своето богатство го дели со сопругата Лусинда и нивните две деца.
Семјеството Албрехт од Германија има богатство вредно 53,5 милиони долари. Парите ги заработиле двајцата браќа, Карл и Тео кои се основачи на супермаркетите „Алди2“. Со тие ланци денес управуваат нивните деца.
Семејството Чакри од Тајланд е на петтото место. Нивното богатство се проценува на 60 милијарди долари. Семејството Чакри владее со Тајланд последните 237 години.
Семејството Елисон од САД е на четвртото место, тие се „тешки“ дури 61,8 милијарди долари. Лери Елисон е коосновач на глобалната корпорација „Оракл“.
На третото место е семејството Закерберг од САД. Нивното богатство се проценува на 63 милијарди долари. На чело на семејството е Марк Закербергер кој воедно е основач на тоа царство.
Семејството Слим од Мексико има богатство вредно 64.9 милијарди долари. Тие биле најбогати на свет во период од 2010 и 2013 година. Богатството го стекнале со копманијата „Групо карсо“.
Семејството Марс од САД е на првото место на најбогатите семејства на светот. Нивното богатство е проценето на 70,8 милијарди долари. Тие се сопственици на компаниите „Марс“.
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT