Десетина луѓе се повредени во сообраќајна несреќа, што се случила синоќа на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп помеѓу автомобил „фиат пунто“ и минибус „мерцедес спринтер“.
Во судирот тешко е повреден возачот на автомобилот, сопатникот во истото возило и уште девет патници во минибусот.
На сите повредени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница – Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Прилеп и јавен обвинител.