Десетгодишно девојче од Кавадарци и нејзиниот татко повредени во верижен судир

256

Во верижниот судир што се случи утрово околу осум часот меѓу шест возила кај Пуста Кула на автопатот Велес-Скопје, три лица се повредени, од кои две се однесени во велешката Општа болница, а едно е пренесено во Скопје.

Поради несреќата, сообраќајот е сé уште во прекин, информираат од СВР – Велес. Велат и дека увидот трае, но наскоро се очекува нормализирање на сообраќајот.

Во велешката болница, според д-р Љупчо Леов, се примени татко и десетгодишна ќерка од Кавадарци кои се со полесни телесни повреди и нагмечувања по телото.

Полицијата ги утврдува причините поради кои дошло до несреќата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...