Дерковски: Министерот Чулев не испратил никакво барање до ДИК

645

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, вели дека техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев досега не испратил никакво писмо до Комисијата преку кое ќе бара мислење дали за шеф на СВР-Скопје може да биде именуван Ристо Ставревски.

– Досега во ДИК не пристигнало никакво писмо од министерот Наќе Чулев во врска со назначувањето на новиот началник на СВР-Скопје. Доколку пристигне во текот на денот, тогаш ние имаме обврска во рок од 24 часа да се произнесеме со конечен став. Процедурата на произнесување е иста како и за сите други прашања што ја засегаат Комисијата, односно ќе се земат предвид ставовите и мислењата на членовите – објасни Дерковски во изјава за Плусинфо.

Инаку, целиот проблем лежи во тоа што Чулев за началник на СВР-Скопје го предлага Ристо Ставревски, а тој предлог воопшто не ѝ се допаѓа на заменик-министерката Славјанка Петровска. Па така, топката сега се префрла во ДИК, која откако ќе добие официјално барање од министерот, задолжена е во рок од едно деноноќие да донесе конечна одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...