Мирен протест и блокада на локалниот пат помеѓу селата Дворци и Лисичани, Општина Пласница, во близина на нелегална депонија за отпад, е одржа вчера претпладне. Организатори на протестот беа Месните заедници на селата Дворци и Лисичани.
Упатени беа официјални барања по писмен пат до Општина Пласница и до Владата на Република Македонија за итно стопирање на одлагањето на отпад и итна дислокација на нелегалната депонија. Депонијата претставува опасност по здравјето и имотот на жителите во општината бидејќи е скоро секојдневно запалена, така што шири опасна, токсична смрдеа и претставува огромна опасност од шумски пожар. Депонијата се наоѓа на стотина метри од изворот за чиста вода „Питран“ и реката Треска.