Ден на македонската револуционерна борба

157

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

По тој повод, владина делегација предводена од заменик-министерот за култура Владимир Лазовски ќе положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, а цвеќе ќе положи и собраниска делегација во состав Костадин Ацевски, Весна Дамчевска-Илиевска и Зеќир Рамчиловиќ.

Според Законот за празници, 23 Октомври е прогласен за државен празник и е неработен ден за сите граѓани.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО) или Внатрешно македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор.

Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...