Ден Дончев негира дека водел хајка во продажбата на „Диамед“, само ги предупредувале Швеѓаните

514

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Ден Дончев, попланево се огласи за случајот со фирмата „Диамед“ која беше продадена на шведската компанија „Диаверум“.

Тој негираше дека правеле пречки во продажбата туку посочи оти ја предупредиле шведската фирма „Диаверум“ кога оттаму дошле на средба во ФЗО и во Министерството за здравство. Тие првично се повлекле, а потоа рече во октомври 2018 странските инвеститори ги известиле дека сепак, имаат намера да ја купат македонската фирма.

По ова тие писмено и вербално им пишале на швеѓаните дека во нормални околности државата не би се мешала, но оти во случајот со фирмата што сакаат странците да ја купат има сомнежи за криминално наместен тендер и злоупотреба на службената положба од лица од врвот на претходната власт, оти постојат сомнежи за вистинските сопственици итн.

Но, сепак, продажбата се реализирала и Централниот регистар уредно прави промена во сопственичката структура.

Дончев ја објаснуваше и историјата на македонската фирма „Димед“ која, според него, со договорот со Министерството за здравство за центрите за дијализа добила 20 годишен монопол. Тој нагласи дека здравствениот бизнис со дијализата бил доделен на фирми („Диамед“ која е фирма ќерка на „Метрополитен“) кои имаат минимално искуство и бизниси, а изрази сомнеж и за вмешаност на Русто Новачевски, кум од првиот брак на Никола Груевски.

За Новачевски, директорот на ФЗО рече и дека добиле изестување дека тој отворил сметка во истата банка во Монако и кога била реализирана продажбата на „Диамед“.

Дончев зборуваше и за сопственичката структура посочувајќи дека се менувала неколку пати, а во одредена фаза во структурата се јавува и фирма од Панама со непознат сопственик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...