Денот пролетен, утревечер дожд и снег

362

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 15 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Под влијание на влажен и студен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето. Во ноќните часови, како и во вторник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓањее. Од среда времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи и благ пораст на температурата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...