Денот на сеќавање на жртвите на Холокаустот одбележан во „Аушвиц“

151

Со полагање цвеќиња на „Ѕидот на смртта“, денеска во поранешниот германски нацистички логор „Аушвиц“, што се наоѓа во денешна јужна Полска, започна церемонијата на одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холукаустот.

На церемонијата, меѓу останатите, присуствуваа и околу 50-преживеани логораши, претседателот и премиерот на Полска, Анджеј Дуда и Матеуш Моравјецки, како и амбасадорите на Израел и Русија во Варшава.

Молитва за жртвите на Холокаустот одржа главниот полски рабин Михаел Шудрич, кој потоа ги прочита и имињата на сите нацистички логори во Европа, во кои во текот на Втората светска воја биле убиени шест милиони Евреи.

Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холукаоустот се одбележува на 27 јануари, на годишнината од советското ослободување на „Аушвиц“.

Преживеаните логораши на церемонијата носеа марами со риги, кои наликуваа на униформите на затворениците во логорот. Дел од присутните носеа и ознаки со буквата „П“, симбол со кој германските нацисти ги обележувале Полјаците.

На почетокот на Втората светска војна во логорот „Аушвиц“ биле затворани Полјаци, а подоцна тој бил претворен во центар за масовна егзекуција на Евреи и Роми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...