Влада на денешната седница донесе одлука по повод 8 септември – Денот на независност на Република Македонија, в сабота да организира прослава на платото пред зградата на Владата.
Како што се наведува во соопштението од владината служба за информирање, на прославата ќе има пригодна културно – уметничка програма.