Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од пет до 10 степени, а дневната температура од 17 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната температура до 24 степени.
Утре попладне и во нареднате денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови. Ќе преовладува облачно и нестабилно време, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.