Денот го почнуваат со насмевка, а го завршуваат со шампањ

Доста веќе нутриционистички совети, да видиме како се храни некој кој изгледа навистина добро. На пример, Снежана Богдановска-Сани и нејзината ќерка Анастасија.

528

Сани ја знаеме како една од првите манекенки во Македонија, и жена која повеќе од 20 години ја следи модата низ призмата на моден новинар. Одвреме навреме сѐ уште чекори по модната писта, рамо до рамо со својата ќерка Анастасија.

Ги прашавме за нивните секојдневни навики во поглед на исхраната, но и генерално, за животниот стил и односот кон храната. Она што дознавме е дека многу вежбаат и да, не живеат за да јадат, туку обратно, а кога станува збор за омилено јадење, за Сани, која е сепак голем гурман, тоа е сѐ што е комбинација на зелено, солено, слатко и луто, а за Анастасија: аспарагус, артичоки, шкампи ‘и питата на мама кога ме испраќа и пречекува од пат’.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...