Барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски како организатор на настаните во Собранието од 27 април деновиве ќе биде пратено до Будимпешта, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.
– Целокупното досие од судот и обвинителството стаса во Министерството на крајот на минатата недела. Денеска ги потпишав сите пропратни документи и деновиве ќе биде пратено до Будимпешта со цел барање за екстрадиција за 27 април – изјави Дескоска одговарајќи на новинарско прашање.
Министерката Дескоска денеска присуствуваше на конференција посветена на функционалноста на АКМИС системот во судовите, во организација на Министерството за правда и амбасадата на САД.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI