Денеска ќе се избере ревизор, пратениците го чуваат името во тајност

386
20151214 Monday sobranie anketna komisija svedoci soslusuvane nikola gruevski mediumi nadvor izbrkani brkani zatvorena vrata

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ја продолжи 17. седница на која треба да биде одлучено кој ќе биде главен ревизор.

Собраниски извори потврдуваат дека е постигнат договор за тоа кој ќе биде државен главен ревизор, но официјално неговото име не се соопштува.

Работата на Државниот завод за ревизија речиси е блокирана поради тоа што оваа институција нема директор, а мандатот на вршителот на должноста истече на 4-ти овој месец.

За другите кадровски прашања, кои исто така треба да го минат филтерот на Комисијата, пред да бидат ставени на дневен ред на собраниска седница, како што посочуваат пратеници, засега нема договор.

Станува збор за испразнетото директорско место во Дирекцијата за заштита на личните податоци, испразнетите места во комисиите за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комисијата за антидискриминација, АВМУ и други.

Во Собранието денеска седници треба да одржат и комисиите за здравство и за одбрана и безбедност.

На Комисијата за здравство на дневен ред е Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, во прво читање.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја разгледуваат Предлог-одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...