Денеска ќе паѓа жолт дожд

410

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Поради југозападно струење на висина и присуство на прашина од Сахара можно е врнежите да имаат жолта боја.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10 степени, а дневната температура од 10 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 17 степени.

Во среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Од четврток до недела ќе биде значително потопло, но во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...