Денеска ќе падне договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце

4367

Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се потпише Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце.

Договорот ќе го потпишат директорот на ЈП за Државни патишта Зоран Китанов и генералниот директор на А.Д. „Гранит“, Зоран Милковски.

На настанот, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања, воедно и во улога на координатор на Владата за проектот Скопје – Блаце, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...