Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од девет до 19 степени.
Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до 15 степени.
Во петок во текот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежите во сабота ќе преминат во снег и на некои пониски места. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен североисточен ветер особено во петок во текот на ноќта и во сабота кога наместа ќе достигнува до 80 км/ч. Температурата значително ќе опадне за 10 до 15 степени во споредба со денешната.